Прва уметничка бригада е платформа што ги вклучува младите од Битола и руралните средини во креативен процес, користејќи ја уметноста како средство за граѓански активизам.
„Големата книга 45 години меѓународен фестивал на филмска камера Браќа Манаки“
Книгата претставува уникатно издание кое ги обединува 45 години од историјата, уметничкиот развој и трансформацијата на најстариот фестивал на филмска камера во светот.
Поддршка на млади дизајнерки и дизајнери на Креативен ден
Во сржта на приказната на Фондацијата Божиновски е да ги поттикнува луѓето што повеќе меѓусебно да се инспирираат, да бидат подобри во она што го сакаат, да работат од срце и така да постигнат успех.
Поддршка на млади уметници на Моден викенд Скопје 2023
Преку поддршка на истражувањето на сложената врска помеѓу дизајнот, науката и уметноста поддржавме млади уметници, студенти на академија за моден дизајн.
Поддршка на уметници преку SPACE GALLERY ALTER OF LOVE
Преку овој проект креиравме простор за уметнички дела, вклучивме млади уметници, обезбедивме простор за индивидуални и групни претставувања и го поддржавме второто тридневно издание на Парко 2024.