Доколку времето го броиме само во секунди, тогаш не сме ништо повеќе од негови неми посматрачи. Како компанија која над дваесет и пет години е задолжена на македонскиот пазар да ги носи најсофистицираните швајцарски механизми на часовници ја формиравме„Фондацијата Божиновски“ со цел на секундите да им дадеме повеќе боја и времето да започнеме да го броиме во креативност и на тој начин да му дадеме бесценета вредност.
Веруваме во креативниот потенцијал на нашата земја и дека на младите креативци им е потребен само мал ветер во грб, за да бидат препознаени и успешни. Да ги здружиме силите и да се впуштиме во потрага по повеќе креативност и инспирација. Нашата цел е да создадеме простор за поддршка на млади кретивни таленти, преку градење на мост за поврзување на креативната со бизнис заедницата, мост ќе им помогне на талентираните креативци да отидат чекор понапред во градењето на својата креативна приказна и да го преминат патот кон успехот.
На овој начин сакаме да бидеме ветер во грб на луѓето кои имаат што да споделат со јавноста и на тој начин за промена на површина да исплива убавото лице на нашата земја, боите, креативноста и инспирацијата. Силно веруваме дека токму тоа е повеќе од потребно со цел во воздухот конечно да се почувствува мирис на оптимизам.
Доколку сте наш истомисленик и сакате да се приклучите во нашата фондација со предлози, идеи или друг вид на поддршка пополнете ја формата. Добредојдени се сите луѓе чија енергија е на истата бранова должина како нашата – на креативноста која ослободува.