На свеченото отворање на Танц Фест Скопје 2026, Божиновски преку својата фондација го озваничи своето партнерство со Интерарт Културен Центар, соработка заснована врз заеднички вредности, доверба и континуирана поддршка на младите уметници.
Во рамки на свеченото отворање на Танц Фест Скопје 2026, се одржа финалето на Националниот натпревар „Роксан Стојанов“, во организација на Интерарт Културен Центар, Францускиот институт и Француската амбасада, под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова. Натпреварот претставува значајна платформа за афирмација на млади балетски таленти и нивен понатамошен професионален развој.
Жирито ги додели наградите на најдобрите финалистки: првото место го освои Виола Имери, второто Антонија Атанасовска, а третото Јана Кепеска. Во согласност со својата мисија, Фондација Божиновски ќе го поддржи понатамошното образование на победничката Имери во престижното училиште на Роксан Стојанов во Париз, овозможувајќи ѝ меѓународен развој и унапредување.
Како дополнително признание за нивниот труд, дисциплина и уметничка извонредност, Божиновски додели Tissot часовници на трите финалистки. Во рамки на настанот беше поставен и изложбен амбиент со селекција на часовници, овозможувајќи им на посетителите да го доживеат времето како дел од уметничкото искуство.
Партнерството помеѓу Божиновски и Интерарт Културен Центар претставува спој на традиција и современ израз, дисциплина и креативност. По повод 30-годишните јубилеи на двете институции, оваа соработка влегува во нова фаза, со заедничка визија за создавање вредност и поддршка на новите генерации уметници.




