САКАМ ДА СУМ ВО ТЕК СО СИТЕ КОНКУРСИ И НОВИНИ ОД ФОНДАЦИЈАТА

    ЗА НАС

    Доколку времето го броиме само во секунди, тогаш не сме ништо повеќе од негови неми посматрачи. Како компанија која над дваесет и пет години е задолжена на македонскиот пазар да ги носи најсофистицираните швајцарски механизми на часовници ја формиравме„Фондацијата Божиновски“ со цел на секундите да им дадеме повеќе боја и времето да започнеме да го броиме во креативност и на тој начин да му дадеме бесценета вредност. Фондацијата се создаде природно со креирањето на првиот македонски дизајниран Swatch часовник по повод триесет годишнината од независноста на Македонија. Целта на фондацијата е преку креирањето на автентични локални приказни како таа на Swatch да собира средства преку кои повторно би се поддржала уметничката сцена, со фокус на младите уметници. Идејата е преку нашите активности да креираме еко систем во кој со креативноста ќе се поддржува креативноста и на тој начин да креираме една сосема нова дименизија на времето.