„Патека на славните на Широк Сокак“ во чест на лауератите на меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки. Пред повеќе од еден век, десет години по раѓањето на филмот во светските културни центри, браќата Јанаки и Милтон Манаки ја набавија филмската камера Bioscope 300 и ги снимија првите филмски кадри на Балканот. Познати како првите [...]
Книгата претставува уникатно издание кое ги обединува 45 години од историјата, уметничкиот развој и трансформацијата на најстариот фестивал на филмска камера во светот. Од неговите почетоци во 1979 година, па сè до денес, фестивалот прерасна во симбол на креативност, култура и филмско мајсторство, а оваа книга е сведоштво за тој пат. Книгата содржи визуелни материјали [...]
Фондација Божиновски ја организира битолската премиера на документарниот филм „Патување пеш“, најновото дело на режисерката Тамара Котевска, кое ни отвори прозорец кон длабоките прашања за човековото патување – и буквално, и метафорично. Филмот The Walk е длабоко емотивно патување кое нè потсети на храброста и упорноста што се потребни за да се изоди личниот пат, [...]
Во сржта на приказната на Фондацијата Божиновски е да ги поттикнува луѓето што повеќе меѓусебно да се инспирираат, да бидат подобри во она што го сакаат, да работат од срце и така да постигнат успех. Единствено наш е изборот дали во настани како Креативен ден ќе се обидиме да видиме огромен креативен потенцијал сокриен во [...]
Преку поддршка на истражувањето на сложената врска помеѓу дизајнот, науката и уметноста поддржавме млади уметници, студенти на академија за моден дизајн. Излезен резултат од овој проект беше учеството на моделите/дизајните на Моден викенд во Скопје 2023 година. Соработката со модните дизајнери во 2024 година ќе се прошири со дизајнери на интериер, продукт дизајн и графички [...]
Преку овој проект креиравме простор за уметнички дела, вклучивме млади уметници, обезбедивме простор за индивидуални и групни претставувања и го поддржавме второто тридневно издание на Парко 2024. Во овој проект беа вклучени уметниците: Александар Поповски, Сандра Котевска, Галерија Солак, Дарко Ристевски (дигитал и крипто арт), Димитар Ристовски, ДЛУБ, Александар Петровски, Дарко Гулевски, Анабела Марковска.
Сите визуелни форми на 7/8 такт - инспиративна работилница за дизајнери, уметници и илустратори. Процесот го водеше музичарот Сашо Поповски. Ритамот 7/8 е своевиден татнеж – код кој генерациски се пренесува низ македонскиот народ, раскажувајќи за неговото минато и предвидувајќи ја неговата иднина. Токму тоа овој автентинчен македонски код го прави најсоодветна основа според која [...]