Преку работилниците за Театар на слики го истражувавме телото како алатка за комуникација – од лична приказна, до општествена слика.
Преку процесите учесниците учеа како да раскажуваат, да чувствуваат и да делуваат без зборови. Учеа како преку движење, гест и тишина се создаваат моќни лични и општествени приказни.Заедно со менторката Билјана Крајчевска, младите зборуваа за своите потреби, за скратените и можните можности.
Се зборуваше на различни јазици – преку телото, преку тишината, преку по некој пишан збор и создадени слики.
Се споделија секојдневија и заеднички сфативме дека, иако доаѓаме од различни места и носиме различни интереси, делиме многу заеднички предизвици.
Во овој дел од процесот најсилно оддекнаа теми како јавен превоз, чист воздух и миграциите на младите.
Работилниците станаа безбеден простор каде личното станува заедничко, а уметноста – алатка за промена.
Едукаторка и менторка: Билјана Крајчевска.
Работилниците за Театар на слики (Image Theatre) е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој” на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
























