САКАМ ДА СУМ ВО ТЕК СО СИТЕ КОНКУРСИ И НОВИНИ ОД ФОНДАЦИЈАТА

    Сакам да сум во тек со се што е ново!

    Со пополнување на оваа форма потврдувам дека сум согласна/согласен, моите податоци да се користат за добивање на изестувања (новости, промоции и привилегии) од Божиновски часовници и накит.

    Работилници ready-made уметност

    30 млади креативци, членови на „Првата уметничка бригада“, се впуштија во истражување на ready-made уметноста – трансформирајќи веќе употребени, денес „непотребни“ материјали во скулптури со порака.

    Преку креативна работа, експерименти и заедничко размислување, отпадот доби нов живот, а предметите добиваат нов глас.

    Скулптурите добија глас, денес се ставови во форма.

    Зборуваат за:
    – медиумска манипулација, „заробен“ идентитет, „хакирана“ реалност
    – загадување што станува нормалност
    – заминување и тежината на надежта
    – заборавени вредности
    – дигиталниот идентитет и осаменост
    – детството што го затвораме во рамки
    – притисокот на секојдневните предизвици
    – одговорноста што ја носиме за иднината

    Едукатор: Љубица Мешкова Солаковска

    Партнери: Центар за култура Битола и ЗГ Солак Битола

    Работилницата за ready-made уметност е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој” на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.