САКАМ ДА СУМ ВО ТЕК СО СИТЕ КОНКУРСИ И НОВИНИ ОД ФОНДАЦИЈАТА

    Сакам да сум во тек со се што е ново!

    Со пополнување на оваа форма потврдувам дека сум согласна/согласен, моите податоци да се користат за добивање на изестувања (новости, промоции и привилегии) од Божиновски часовници и накит.

    Битолска премиера на документарниот филм „Патување пеш“

    октомври 16, 2024

    Фондација Божиновски ја организира битолската премиера на документарниот филм „Патување пеш“, најновото дело на режисерката Тамара Котевска, кое ни отвори прозорец кон длабоките прашања за човековото патување – и буквално, и метафорично. 

    Филмот The Walk е длабоко емотивно патување кое нè потсети на храброста и упорноста што се потребни за да се изоди личниот пат, без разлика колку е тежок. Нè потсети на тоа колку често сме на границите помеѓу стравот и надежта, помеѓу беспомошноста и решителноста.

    Во срцето на приказната е борбата за достоинство и за местото што го нарекуваме дом – нешто што многумина го земаат здраво за готово, а во душата, поттикнува чувство на благодарност за мирот и стабилноста што можеби ги имаме, но истовремено нè соочува со суровата реалност на оние кои не ги искусуваат овие привилегии.

    Поклон до земја за комплетниот тим.

    Неда Маретиќ и Илија Тирицовскиво делот „Прашања и одговори“ ни ги разлистаа вистинските слоеви на филмското дело. Публиката имаше можност да „нурне“ зад камерите, откривајќи го креативниот процес: од замислата, преку планирањето, до самото снимање и финализирање на филмот. Секој збор, секое прашање беше доказ дека филмот не само што нè пренесува во друг свет, туку нè поттикнува и да размислуваме на подлабоко ниво. 

    Проекцијата беше организиране во рамките на дополнителната програма на Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки – На кино па Олабај во соработка АРТАКТ Битола и со македонски продуцент на филмот ОХО Продукција.