Во сржта на приказната на Фондацијата Божиновски е да ги поттикнува луѓето што повеќе меѓусебно да се инспирираат, да бидат подобри во она што го сакаат, да работат од срце и така да постигнат успех. Единствено наш е изборот дали во настани како Креативен ден ќе се обидиме да видиме огромен креативен потенцијал сокриен во форма на инспирација во очите на младите луѓе кои можеби преку овој настан ќе се инспирираат уште помотивирано да продолжат да си ги следат своите соништа и да креираат.
Останува само да ги земеме стрелките во свои раце, да ги завртиме колку што можеме посилно за да ја движат креативноста и инспирацијата нанапред!
Аплауз за младите дизајнерки и дизајнери: Мирјета Адеми, Христина Секирски, Маја Автаровска, Кристина Стојчевска, Ана Трајановска, Виолета Мишакова, Мелинда Ајдиновска, Назл Рамизова, Андреа Ризоска, Садет Амедовска, Ангела Нечовска, Сибел Алија, Ева Ацковска, Огнен Митревски, Моника Ристова, Евгенија Тасеска, Андреа Костадиновска, Софија Етемовска, Валона Етемовска, Лара Василова, Миа Тодоровска, Тамара Ѓорѓиевска, Флоренсиа Фити.