Едноставно, доколку сте уметник, дизајнер или илустратор, испратете ни писмо за интерес на маилот contact@bozinovski.com.mk, со што кога ќе се случи следниот повик ќе добиете повик за учество и насоки за изработка на следниот македонски Swatch.
Селектираните кандидати ќе добијат симболична награда и се разбира часовник со новиот дизајн, но и промоција на нивното портфолио пред нашите ВИП клиенти и целата македонска јавност. Со нетрпение го очекуваме вашиот предлог дизајн за следните часовници од колекцијата.
До тогаш инспирирајте се и разгледајте ги боите и приказната на првиот македонски Swatch дизајниран од Зоран Кардула.