САКАМ ДА СУМ ВО ТЕК СО СИТЕ КОНКУРСИ И НОВИНИ ОД ФОНДАЦИЈАТА

    Сакам да сум во тек со се што е ново!

    Со пополнување на оваа форма потврдувам дека сум согласна/согласен, моите податоци да се користат за добивање на изестувања (новости, промоции и привилегии) од Божиновски часовници и накит.

    ЦЕЛ НА ФОНДАЦИЈАТА

    Примарната цел на фондацијата е да им овозможи на македонските уметници и дизајнери преку објавување на локални конкурси еднаш во годината, да добијат можност да дизајнираат Swatch часовник со некоја локална автентична македонска приказна. На овој начин преку користење на глобалниот бренд како платно сакаме да им овозможиме на младите уметници, дизајнери и илустратори од земјава да се афирмираат во светот и заеднички да покажеме дека македонија има безброј креативни приказни кои чекаат да бидат раскажани. Со секој избран дизајн идејата е да креираме селектирана колеккција на часовници, а средствата од нивната продажба повторно ќе бидат наменети за поддршка на младите уметници, креативци и артисти во согласност на статутот на фондацијата. На овој начин сакаме да креираме еден самоодржлив еко систем кој преку креативност повторно ќе ја поддржува креативноста со крај на цел да дадеме што повеќе боја, убави моменти и воздишки на нашето секојдневие.