САКАМ ДА СУМ ВО ТЕК СО СИТЕ КОНКУРСИ И НОВИНИ ОД ФОНДАЦИЈАТА

    Сакам да сум во тек со се што е ново!

    Со пополнување на оваа форма потврдувам дека сум согласна/согласен, моите податоци да се користат за добивање на изестувања (новости, промоции и привилегии) од Божиновски часовници и накит.

    „Големата книга 45 години меѓународен фестивал на филмска камера Браќа Манаки“

    октомври 16, 2024

    Книгата претставува уникатно издание кое ги обединува 45 години од историјата, уметничкиот развој и трансформацијата на најстариот фестивал на филмска камера во светот. Од неговите почетоци во 1979 година, па сè до денес, фестивалот прерасна во симбол на креативност, култура и филмско мајсторство, а оваа книга е сведоштво за тој пат. Книгата содржи визуелни материјали и дигитализирани постери, кои ја следат еволуцијата на фестивалот од првите „Манакиеви средби“ до денешната меѓународна платформа за професионалци зад филмската камера. Со историска вредност, ова дело е вистинско богатство за љубителите на филмската уметност, архивски истражувачи и сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на меѓународнатата филмска сцена.

    Изданието е двојазично и вклучува ексклузивни факти осознаени преку интервјуа со луѓе кои живеат со фестивалот, архивите на фестивалот и низа други алтернативни извори на информаци. Овие приказни не се достапни никаде на друго место, што ја прави книгата вистинска реткост за истражување на фестивалската историја.

    „Големата книга 45 години Меѓународен фестивал на филмска камера Браќа Манаки“ беше изложена во Центарот за култура во Битола и во КЦ Магаза за време на 45-тото фестивалско издание, каде што гостите, и домашни и странски, беа воодушевени од содржината и уникатноста на приказната што ја раскажува. Оваа книга во иднина ќе добие форма до која едноставно ќе пристапат сите оние кои немаа можност да ја видат.

    Ова грандиозно дело е иницијатива и реализиација на Фондација Божиновски и АРТАКТ Битола во соработка со фестивалот и Кинотека на Македонија и беше дел од дополнителната програма на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

    Фотографиите раскажуваат за процесот на дигитализација на материјалите и за финалниот продукт.

    210924-107