САКАМ ДА СУМ ВО ТЕК СО СИТЕ КОНКУРСИ И НОВИНИ ОД ФОНДАЦИЈАТА

    Сакам да сум во тек со се што е ново!

    Со пополнување на оваа форма потврдувам дека сум согласна/согласен, моите податоци да се користат за добивање на изестувања (новости, промоции и привилегии) од Божиновски часовници и накит.

    ЗА НАС

     Фондацијата се создаде природно, во момент на возбуда од успехот на проектот Дениција кој претставува уникатен спој на македонски дизајн аплициран на познатиот швајцарски часовник Своч. Ова е единствен случај во светот на национален проект во соработка со Своч во лимитирано издание од само 30 парчиња (посветен на 30 годишнината од независноста на Македонија и дизајниран од познатиот графичар и дизајнер Зоран Кардула). Со собраните средства од аукциската продажба на овие часовници ја создадовме Фондацијата.

    Стимулираме и практикуваме култура и уметност како постојан процес на динамични идеи, уметнички израз, културни практики на локално, национално и регионално ниво.

    Преку нашите активности креираме еко систем во кој со креативност се поддржува креативноста и на тој начин создаваме една сосема нова дименизија на времето.

    ВИЗИЈА

    Културата и уметноста придонесуваат кон демoкратизацијата на општеството како одржлив, видлив и влијателен општествен и политички фактор, кој проактивно учествува во социо-културните процеси во Северна Македонија.

    МИСИЈА

    Поттикнување на креативен потенцијал кај уметниците преку обезбедување на можности за нивен раст, развој, усовршување и промоција…

    АКТИВНОСТИ И ЗАДАЧИ – ЛИНК ДО ДОКУМЕНТОТ

    На овој начин сакаме да креираме еден самоодржлив еко систем кој преку креативност повторно ќе ја поддржува креативноста со крај на цел да дадеме што повеќе боја, убави моменти и воздишки на нашето секојдневие.