Прва уметничка бригада е платформа што ги вклучува младите од Битола и руралните средини во креативен процес, користејќи ја уметноста како средство за граѓански активизам. Преку уметнички работилници (Image Theatre и Readymade art), јавни интервенции и герила акции, проектот поттикнува критичко размислување, активно учество и општествена одговорност.
Целта на проектот е да им овозможи на млади луѓе од Битола и руралните околини, преку менторирани уметнички работилници и продукција, да развијат критичко размислување и јавно да ги изразат своите ставови за важни општествени прашања, зајакнувајќи го нивното учество во културниот и јавен живот на заедницата.
Целната група се млади,16-25 години, од Битола и околните рурални средини, со фокус на оние со ограничен пристап до програми за уметничко изразување.
Период на реализација: септември 2025 – јуни 2026
Активностите резултираат со продукција на уметнички дела, поставки во јавни простори, видео и фото стории…. Вклучува родова еднаквост преку активно вклучување на млади жени, социјална инклузија преку пристапност и работа со маргинализирани групи, децентрализација преку активности во Битола и во околните рурални средини и еколошка свесност со изборот на методи и материјали. Акцијата резултира со зголемена културна партиципација, зајакната локална сцена и поттикнување на млади лидери кои ќе продолжат да придонесуваат во културниот и општествениот развој во заедницата.
Партнери во проектот се: ЗГ Ателје Солак и Центарот за култура Битола.
Вкупен буџет на проектот е 14.000 CHF.


