САКАМ ДА СУМ ВО ТЕК СО СИТЕ КОНКУРСИ И НОВИНИ ОД ФОНДАЦИЈАТА

    Сакам да сум во тек со се што е ново!

    Со пополнување на оваа форма потврдувам дека сум согласна/согласен, моите податоци да се користат за добивање на изестувања (новости, промоции и привилегии) од Божиновски часовници и накит.

    „Патека на славните на Широк Сокак“

    септември 17, 2025

    „Патека на славните на Широк Сокак“  во чест на лауератите на меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки.

    Пред повеќе од еден век, десет години по раѓањето на филмот во светските културни центри, браќата Јанаки и Милтон Манаки ја набавија филмската камера Bioscope 300 и ги снимија првите филмски кадри на Балканот. Познати како првите балкански кинематографери регистрираа голем спектар од настани и личности.

    Во нивна чест од 1979 година во Битола се одржува Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на кинематограферите. Фестивал кој овозможи ѕвезденото небо да се постели на Широк Сокак, небото кое ја слави креативноста на кинематограферите.

    Денес, на Широк Сокак, се поклонуваме пред ѕвездите на најдобрите светски кинематографери, имиња и дела кои продефилирале на оваа локација.

    Сега Битола има две неба, едно со небеските ѕвезди и едно со ѕвездите на филмските кинематографери на Широк Сокак. – рече кинематограферот Волтер Карваљо во моментот кога ја откриваше ѕвездата која го носи неговото име.

    Проектот „Патека на славните на Широк Сокак“ е тековна иницијатива на Божиновски Фондација и Божиновски часовници и накит чија цел е поттикнување и развој на културниот и филмскиот туризам во Битола преку креирање трајна меморија и обезбедување на услови за зачувување на нематеријално културно наследство преку изработка и поставување на месингани ѕвезди на Широк Сокак во спомен на лауератите на меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки и обезбедување на услови за раскажување на оваа приказна.

    Нашата приказна ја продолжуваме со видео сторија која е продукција на Фондација Божиновски а е поддржана од Општина Битола.